Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам ги пофали неговите избраници кои синоќа во Милано ја совладаа Италија со 3:1.

Ова беше дуел од последното коло во втората група од Сегментот А во Лигата на нации.

- Знаевме дека нема да биде лесно бидејќи Италија игра во врвна форма. Победата од 3:1 ни овозможи да го вратиме првото место. Резултатот беше заслужен, завршивме многу добра работа. Поразот во првото коло од Италија ни помогна да избегнеме повторување на грешките и покрај тоа што оваа млада италијанска репрезентација игра на високо ниво, изјави селекторот на Франција.

Французите се први со 13 бодови, исто толку има Италија на втората позиција



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 16:05