Манчестер јунајтед е подготвен да го вклучи Џошуа Зиркзе во зделката за Виктор Осимен.
Според весникот „Il Mattino“, Манчестер јунајтед го понудил холандскиот напаѓач на Наполи со доплата од 30 милиони евра. Меѓутоа, претседателот на наполитанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис се противи на размената и размислува да го продаде Осимен само доколку се плати целата сума.
Се дознава дека Наполи е подготвен да го пушти Нигериецот позајмен во Галатасарај, за 81 милион евра во јануари и за 75 милиони евра на крајот од актуелната сезона.
Во евентуална зделка важна е и платата на Осимхн која изнесува околу 12 милиони евра годишно.
Зиркзе се пресели во Манчестер јунајтед од Болоња летото за 42,5 милиони евра. На 11 натпревари во Премиер лигата, Холанѓанецот постигна гол и беше творец на една асистенција