Поранешниот фудбалер на Милан, Деметрио Албертини ги оцени шансите на „Росонерите“ да ја освои титулата во Серија А.

- Според мене, врз основа на она што го покажа тимот, нема шанси за скудето, но има уште многу да се игра. Во исто време има поцврсти и покомплетни екипи и ова го кажувам како навивач на Милан. Се уште е далеку крајот на првенството. За да се освои Скудетото, треба да се биде способен да се надминат кризните ситуации. За време на првенството сите доживуваат пад, па ќе видиме кој ќе се справи со тоа најдобро, изјави Албертини.

По 11 натпревари во Серија А, Милан е на 7. место на табелата со 18 освоени бодови. Лидер е Наполи со 26 бода од 12 кола.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2024 23:20