Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.

Русија го употреби ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.

Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација.

Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.

Не е познато што конкретно е погодено од интерконтиненталната ракета или дали има голема штета.

Руските ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави.

Украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори шест крстосувачки ракети Кх-101 за време на нападот.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетата била лансирана од областа Астрахан во Русија, но не прецизираа за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 01:57