Во кумановското село Романовце вчера во 10.00 часoт полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од село Романовце.
МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава