Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 20:20 часот во Куманово, го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот кумановец Г.Н.

Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.

Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 00:16