Кај гевгелиското село Богородица утрово, во 4:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
Како што соопшти МВР, при преглед во возилото „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава. мд/сст/