Полицијата вчера привела двајца кавадарчани, кај кои биле пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети. За ова попладнево информираа од СВР Велес.

- Синоќа во 20.30 часот во Неготино, на излезот кон Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги привеле И.Д.(41) и С.С.(45), двајцата од Кавадарци. При преглед во патничко возило „тојота“ со бугарски националнои ознаки, управувано од И.Д., а С.С. бил сопатник, биле пронајдени и одземени три детектори за метал и други предмети за кои постои сомнение дека се наменети за вршење на прекршок по член 63 од Законот за заштита на кулутурното наследство, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 00:30