Вардар и Тиквеш одиграа 1-1 денеска на Градски стадион во дуел од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Пред празни трибини, гостинскиот тим преку Едиз Спахиу во 41. минута отвори за 0-1. Ненад Мишковски пак израмни на 1-1 во 65. минута од средбата. Вардар се обиде да дојде до пресврт, но немаше сили за целосен пресврт.
Вардар остана на десеттото место на табелата, а Тиквеш со 11 бода е на дното.
ПМФЛ, резултати од 17.коло:
Академија Пандев - Работнички 1:3
Вардар - Тиквеш 1:1
Гостивар - Силекс 0:0
Пелистер - Беса 1:0
Шкупи - Струга 3:1
Воска - Шкендија 0:1.