Николо Ѕаниоло емотивно го прослави голот против својот поранешен тим.

Фудбалерот од средниот ред на Аталанта постигна гол синоќа против Рома во последниот натпревар од 14. коло на Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ во Рим заврши со победа на гостите со 2:0.

Прославувајќи го голот, Ѕаниоло го соблече дресот и истрча до навивачите од Бергамо. За ова доби жолт картон.

Да потсетиме, Николо мина четири и пол години во римскиот тим, по што се пресели во Галатасарај. За Аталанта настапува како позајмен од турскиот клуб



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2024 15:00