Брајан Томпсон, извршниот директор на UnitedHealth (UNH.N), беше фатално застрелан денеска наутро по локално време, пред хотелот во центарот на Менхатн, соопштија полициски функционери од Њујорк, дополнувајќи дека најверојатно тој бил цел на нападот.

Нападот се случил околу 6:40 часот наутро пред хотелот Хилтон на Шеста авенија, непосредно пред закажаната конференција на инвеститори во тој хотел. Томпсон бил пренесен во блиската болница, каде што бил прогласен за мртов.

- Ова не изгледа како случаен акт на насилство, изјави Џесика Тиш, комесар за полиција во Њујорк, на денешната прес-конференција. - Изгледа дека осомничениот лежел чекајќи неколку минути, додаде таа.

Полицијата сè уште трага по маскираниот осомничен. Полицијата објави плакат со награда за информации во врска со пукањето, на кој се прикажани снимки од надзорни камери на човек кој носи сив ранец и вози велосипед, и уште една фотографија на поединецот кој изгледа како да покажува оружје. Според Тиш, последен пат бил виден во Централ Парк.

осомничен

„Брајан беше високо почитуван колега и пријател на сите што работеа со него", се вели во соопштението од UnitedHealth Group. "Тесно соработуваме со Полицијата на Њујорк и бараме ваше трпение и разбирање во овој тежок период. Нашите срца се со семејството на Брајан и со сите што му беа блиски."

UnitedHealthcare е најголемото здравствено осигурување во САД, кое обезбедува бенефиции за десетици милиони Американци кои плаќаат повеќе за здравствена заштита отколку во која било друга земја.

Извршниот директор на UnitedHealth Group, Ендрју Вити, излезе на сцена во хотелот Хилтон околу еден час по почетокот на настанот за да соопшти дека се откажува конференцијата. - Имаме многу сериозна медицинска ситуација со еден од нашите членови на тимот, и затоа, за жал, ќе мораме да го завршиме настанот, рече тој.

Полицијата ја блокирала областа на 54-та улица пред хотелот Хилтон, каде што беа расфрлани сини пластични ракавици, а пластични чаши покажувале локацијата на неколку чаури од куршуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 05:30