Соединетите Американски Држави и доделија на Полска заем од четири милијарди долари за финансирање на програми за вооружување, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, цитиран од полска новинска агенција.
„Имаме уште еден договор за заем од САД кој ја поддржува брзата трансформација на полските вооружени сили во рамките на Програмата за странско финансирање за воени потреби“, напиша Кошињак-Камиш на социјалната мрежа Икс.
„Вкупно САД и обезбедија на Полска повеќе од 11 милијарди долари за финансирање на програми за вооружување, вклучително и системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и хеликоптери „Апачи“. Ова служи како уште еден доказ за големата доверба и силниот полско-американски сојуз“, истакна полскиот министер за одбрана