Бесплатен пренатален скрининг за сите трудници, за првпат ќе се изведува во биохемиската лабораторија при Општа болница со проширена дејност во Кавадарци, информираат од оваа јавна здравствена установа.

- Станува збор за лабораториски испитувања што се користат за BENETEH PRO пренатален скрининг. Скрининг за следење на состојбата на плодот кај бремените жени, што ќе биде целосно бесплатен и достапен за сите трудници од Кавадарци и регионот, соопштуваат од Болницата.

Оттаму додаваат дека скринингот се прави во прв и втор триместар.

- Тоа ќе им овозможи на сите бремени жени да дознаат повеќе за здравјето на нивното неродено бебе, без било каков ризик, едноставно и лесно, со земање примерок крв од вена и ехо преглед кај гинеколог, појаснуваат од здравствената установа.

Притоа нагласуваат дека со ова, пациентките се поштедени од дополнителни трошоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 01:23