Возачот на Мекларен, Ландо Норис, попладнево победи на Големата награда на Абу Даби, последната трка од сезоната во Формула 1 во 2024 година.
Дваесет и петгодишниот Британец стартуваше од пол-позицијата и по четврти пат оваа година заврши на првото место.
Возачите на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклерк ги освоија второто и третото место.
Формула 1 шампион оваа година стана Макс Верстапен од Ред Бул. На трката за Големата награда на Абу Даби, 27-годишниот Холанѓанец го освои 6. место.
Норис е вицешампион во Ф1 за сезоната 2024 година. Леклер е на третата позиција во личниот поредок на возачите.
Благодарение на победата на Норис на етапата во Абу Даби, Мекларен го освои шампионатот за конструктори, пред Ферари.