Холандија од денеска почнува засилени гранични контроли, како што беше најавено на 11 ноември. Дополнителните гранични проверки се дел од ветувањето на новата десничарска влада за борба против трговијата со луѓе, илегалната имиграција и прекуграничниот криминал, објавија холандските медиуми.

Претходно, Германија воведе гранични контроли, а Франција исто така почна да врши проверки. Проверките ќе ги врши Кралската воена полиција, која е одговорна за граничната контрола во Холандија.

Засега новите гранични проверки нема многу да се разликуваат од проверките што воената полиција веќе ги спроведува во пограничните области, пишува весникот „Ен Ер Се“.

Теоретски, граничната полиција ќе може да ги бара документите на секој што ќе ја премине земјата и да одбие влез на оние кои ги немаат потребните документи за посета или престој во Холандија, пишува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 15:06