Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека за претседателски советник ќе ја назначи Алина Хаба, правник од тимот адвокати кои го бранат во случајот за обвинувањата за „тајни исплати“ во Њујорк.

Алина Хаба (40) го бранеше Трамп во процесот спроведен на почетокот на оваа година, беше и негов правен портпарол, а од изборите престојуваше со него на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, пренесуваат агенциите.

„Беше непоколеблива во својата лојалност и ненадмината во одлучноста. Стоеше покрај мене низ бројни судења, правни битки и безброј денови поминати на суд“, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2024 22:25