Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва беше подложен на мозочна операција во Сао Пауло за отстранување на хематом.

Според медицинската документација, објавена од бразилската влада, операцијата поминала без компликации, а Лула е во добра состојба и под надзор во одделението за интензивна нега.

Претходно, Лула бил на магнетна резонанца поради главоболка, при што било откриено внатрешно крварење, што наложило итен прием во болница.

На крајот на октомври, Лула падна дома и доби мал мозочен излив и повреда на тилниот дел од главата, што бараше медицинска интервенција. Поради оваа повреда, тој мораше да ги откаже своите патувања, вклучувајќи ја и посетата на самитот на БРИКС во Казан.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 11:53