Мандатарот за состав на новата белгиска Влада и актуелен градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер поднел барање за отштета од терористите кои минатата години планирале атентат врз него, објави антверпенскиот весник „Лацте Њуз“.

- Барт Де Вевер бара компензација за да упати сигнал до луѓето кои сакаат да ја поткопаат нашата земја, изјави неговиот портпарол Јохан Вермант за весникот.

Вермант додаде дека доколку Де Вевер добие надомест, тие средства ќе ги распореди на „соодветен социјален начин“ и „нема да ги задржи парите за себе“.

Според весникот, Де Вевер покренал граѓанска тужба со која бара лицата осудени за планирање напад врз него, да му исплатат отштета од 7.500 евра.

Најавата за барање на отштета од страна на Де Вевер следи откако Судот во јуни годинава осуди пет лица на затворски казни во траење од седум до 13 години, под обвинение дека подготвувале атентат врз Де Вевер.

Според обвинението, нападот врз Де Вевер требало да биде извршен на муслиманскиот празник Рамазан во април 2023 година, но тој бил разоткриен и спречен од страна на полицијата.

За случајот беа обвинети шест лица, но едно од нив беше ослободено од обвинението при судскиот процес.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 11:54