Шефот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин денеска изјави дека Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина, а Москва, како што рече, ја има стратешката иницијатива во сите области на војната.
-Ситуацијата на фронтот не му оди во прилог на Киев, изјави Сергеј Наришкин, шефот на руската служба за надворешно разузнавање.
Тој наведува дека стратешката иницијатива во сите области и припаѓа на Русија.
-Блиску сме до остварување на нашите цели, додека украинските вооружени сили се на работ на колапс, рече тој.
Наришкин додаде дека за Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изгубил својот легитимитет и „способност да преговара“.