Приказната што треба да ја раскажеме е за Украина 2.0, изјави Олександр Камишин, новиот советник на украинскиот претседателот Володомир Зеленски за стратешки прашања, во разговор за Телеграф.

Камишин, кој секојдневно се среќава со Зеленски за решавање на кризни прашања, ја претстави својата визија за Украина како отпорна, технолошки напредна држава, подготвена за иднината.

Тој ја опишува својата работа како „пожарникар“. Зеленски секојдневно го упатува да решава различни кризни прашања - од здравство и инфраструктура до производство на енергија и муниција. Со толку широк поглед на клучните сектори, Камишин нуди визија за Украина по примирјето: земја која би можела да стане клучен дел од Европа со луѓе кои се издржливи, технолошки напредни, вешти во развојот на дронови и одржување на железницата.

- Украина 2.0 носи лекции за одбранбената индустрија, здравството, службите за итни случаи и железничкиот систем, вели Камишин. „Тоа не е сликата по која сакавме да бидеме познати, ама научивме вредни лекции. Подготвени сме да го споделиме тоа знаење со светот, посочи тој.

Камишин истакна дека Украинските железници, кои играа клучна улога во евакуацијата на цивили и снабдувањето на фронтот, се симбол на националната издржливост. Под негово водство, Украина значително ја зголеми домашната продукција на муниција и ја разви ракетата „Паљаница“.

„Ова е производ на вистинска Украина. Еден ден ќе биде потребна на Австралија, Велика Британија и Јапонија“, додаде Камишин, нагласувајќи ја важноста на подготвеноста за глобалните предизвици.

Во однос на ставање крај на војната, советникот се осврна на американско-украинските односи во контекст на изборот на Доналд Трамп за претседател. - Сите очекуваат дека САД ќе ја намалат поддршката за нас, вели Камишин. - Но, Трамп сака договори. Мојот претседател исто така сака договори. Тие ќе најдат заеднички јазик, убеден е новиот советник на Зеленски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 12:45