Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху првпат ќе се појави пред судот во долготрајниот судски процес за корупција против него.

Во 2019 година Нетанјаху е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата. Судењето почна во 2020 година и опфаќа три кривични предмети. Нетанјаху ги негира делата и се изјасни за невин.

Обвинителите тврдат дека Нетанјаху му платил 1,8 милијарди шекели (околу 500 милиони американски долари) на компанијата „Безек Телеком Израел“, а за возврат барал објавување на позитивни вести за него и неговата сопруга Сара. Во овој случај, Нетанјаху е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата.

Во друг судски процес Нетанјаху е обвинет за измама и нарушување на довербата во случај поврзан со наводите дека тој и неговата сопруга добиле подароци во вредност од речиси 700.000 шекели (210.000 долари) од холивудскиот продуцент и израелски државјанин Арнон Милчан и од австралискиот милијардер и бизнисмен Џејмс Пакер. Пакер и Милчан не се обвинети.

Нетанјаху е во друг случај е обвинет за измама и нарушување на довербата бидејќи преговарал со сопственикот на израелскиот весник „Једиот Ахронот“, Арнон Мозес, за поповолно покривање на неговата работа во замена за донесување закон за забавување на растот на ривалскиот весник.

И покрај обвинителните акти малку е веројатно наскоро да биде донесена пресуда за Нетанјаху. Доколку израелскиот премиер не се договори со обвинителите, ќе поминат месеци пред судиите да се изјаснат за случаите.

Согласно израелските закони премиерот не треба да се повлече, освен ако не биде осуден. Меѓутоа, доколку премиерот поднесе жалба на казната, тој може да ја задржи функцијата во периодот на жалба.

По обвиненијата за поткуп, Нетанјаху се соочува со казна затвор до 10 години и/или парична казна. За измама и злоупотреба на довербата предвидена е казна затвор до три години



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 21:26