Кина ја распоредува својата најголема поморска флота во регионалните води во изминатите речиси три децении, а заканата за Тајван е поизразена отколку во случајот со претходните кинески воени вежби, објави денеска тајванското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Сун Ли-Фанг во Тајпеј, рече дека обемот на моменталното распоредување на кинеската морнарица во областа што се протега од јужните острови на Јапонија до Јужното Кинеско Море е најголема откако Кина одржа воени вежби околу Тајван пред претседателските избори во Тајван во 1996 година.

Кинеската војска се уште не коментирала ниту потврдила дека спроведува некакви вежби



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 21:37