Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, јавуваат турските медиуми.

Според турската Дирекција за комуникации, Ердоган и Руте разговарале за последните случувања во Сирија.

За време на средбата, Ердоган изјави дека Турција се залага за заштита на територијалниот интегритет и стабилност на Сирија уште од првиот ден на граѓанската војна во Сирија.

Се наведува дека „Турција уште од првиот ден на граѓанската војна во Сирија се залагаше дека Сирија треба да биде управувана од сирискиот народ“.

Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да прави се за да воспостави обединета Сирија ослободена од тероризам.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 21:43