Најмалку осум лицаа во уривање на станбена зграда во Каиро, а три се повредени, соопштија властите.
Гувернерот на Каиро Ибрахим Сабер нареди евакуација на соседните куќи како мерка на претпазливост, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот.
Не е јасно што го предизвикало уривањето на шесткатницата во западната населба Ваили, а истрагата е во тек.
Уривањата на згради често се случуваат во Египет, каде лошата градба и недостигот на одржување се широко распространети во сиромашните населби.
Властите во Каиро градат нови населби за да ги преселат оние што живеат во ризичните области. Но, многу египетски градови сè уште содржат цели населби со станбени згради без дозвола.