Бунтовниците кои ја презедоа власта во Сирија денеска го назначија Мохамед ал-Башир на чело на преодната влада, а таму ќе остане до 1 март 2025 година, објави сириската телевизија.

Мохамад ал-Башир досега ја предводеше „Владата на спасот“ од бунтовничкото упориште Идлиб, во северозападна Сирија.

Сириската влада падна пред два дена, рано утрината, со што беше означен крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад, откако во претходно бунтовниците изведоа запрепастувачки брза офанзива низ целата сириска територија, доаѓајќи за десет дена и до главниот град Дамаск.

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад со семејството замина во Москва, каде што доби азил.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 22:19