Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека Анкара ќе почека да се „создадат услови“ за да отвори Амбасада во Сирија.
- Ќе проучиме. Ќе почекаме да се создадат услови, истакна Фидан.
Турција ја затвори својата Амбасада во Дамаск во март 2012 година поради „влошување на безбедносната ситуација во Сирија“.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера најави повторно отворање на граничниот премин, што беше затворен во 2013 година, за да можат сириските бегалци да се вратат во татковината.
По веста дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад ја изгуби власта, голем број Сиријци се упатија кон татковината