Во најновата анализа за влијанието на квалитетот на воздухот врз човековото здравје на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) се наведува дека најмалку 239.000 смртни случаи може да се припишат на изложеност на ситните честички во воздухот.

Како што посочува ЕЕА, врз основа на бројките за 2022 година, 70.000 смртни случаи се припишуваат на загадувањето со озон, а 48.000 на загадувањето со азот диоксид.

Најновите податоци, исто така, уште еднаш потврдуваат дека Европејците се изложени на концентрации на загадувачи на воздухот значително над препорачаните нивоа на Светската здравствена организација (СЗО), се наведува во соопштението на ЕЕА.

- Иако беа воспоставени построги правила во ЕУ за квалитетот на воздухот, сè уште премногу луѓе низ Европа, особено оние во градовите се негативно погодени од лошиот квалитет на воздухот што резултира со болести и предвремени смртни случаи, кои во голема мера може да се спречат преку намалување на нивоата на овие загадувачи во животната средина, истакна директорката на ЕЕА, Леена Ила-Мононен.

Во извештајот на ЕЕА се посочува и дека во периодот од 2005 до 2022 година бројот на смртни случаи во ЕУ што се припишува на ситните честички е намален за 45 отсто.

Објавувањето на податоците се влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето на човекот се совпадна со имплементацијата на новата директива на ЕУ за усогласување со стандардите на СЗО.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 00:23