Агенцијата на Обединети нации за бегалци оцени дека ситуацијата во Сирија е „една од најголемите кризи со раселување во светот“.

Се проценува дека во 2023 година околу 6,4 милиони Сиријци ја напуштиле земјата, од кои 5,1 милиони живеат во соседните земји – Египет, Ирак, Јордан, Либан и Турција. Во Турција сместени се 3,2 милиони Сиријци, во Либан 784.900, во Германија 705.000 и во Јордан речиси 650.000. Додека внатрешно раселени се 7,2 милиони луѓе.

Според ОН, 13 милиони луѓе, што е повеќе од половина од сириското население, се соочуваат со недостиг на храна. Приближно 96 отсто од населението живее со помалку од седум долари на ден. Војната ја уништи клучната инфраструктура на земјата, од здравствената заштита до канализациските системи и електричните мрежи. Минатата година над 40 отсто од болниците не се целосно функционални.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 00:29