Рускиот претседател Владимир Путин изрази отвореност за обнова на односите со новата американска администрација, само неколку часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, објави Си-Ен-Ен.
На телевизискиот состанок на Советот за безбедност на Русија денеска, Путин рече дека ги поздравува изјавите на Трамп и неговиот тим кои „изразуваат желба за обновување директен контакт со Русија“ и „потребата да се направи се за да се спречи трета светска војна“, нагласувајќи ја подготвеноста на Москва да се вклучи во дијалог.
-Ние секако го поздравуваме овој пристап и му честитаме на избраниот претседател на Соединетите Американски Држави за преземањето на функцијата, рече тој. „Нагласувам: ние никогаш не сме одбиле дијалог, секогаш сме биле подготвени да одржуваме непречени односи на соработка со која било американска администрација. Ние тргнуваме од фактот дека дијалогот ќе се гради на еднаква и взаемно почитувана основа, земајќи ја предвид значајната улога што ја играат нашите земји за голем број клучни прашања на глобалната агенда, вклучително и зајакнување на стратешката стабилност и безбедност“, додаде Путин.
Путин ја искористи можноста да го повтори ставот на Русија за можното решение во Украина.
-Отворени сме и за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт, рече тој, нагласувајќи ја важноста од постигнување долгорочен мир, истовремено потврдувајќи ја посветеноста на Русија за заштита на нејзините интереси