Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе потпише 11 извршни наредби поврзани со границите на земјата, од кои едната ќе овозможи распоредување на американски војници на границите, јави новинар на „Фокс Њуз“ .
„Со друг декрет тој ќе ги означи меѓународните картели и криминални организации како терористички организации, а со трет документ ќе им наложи на министерствата за одбрана и за домашна безбедност да ја завршат изградбата на ѕидот долж границата со Мексико и да распоредат сили за контрола на премините“, наведе репортерот на Фокс Њуз, давајќи детали за три од уредбите до кои телевизијата имала увид.