Американскиот претседател на заминување, Џо Бајден денеска потврди дека оставил писмо во Овалната соба за неговиот наследник, новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
На прашањето на новинарите собрани пред Белата куќа дали го напишал писмото, Бајден одговори „Да“, но одби да открие повеќе детали.
-Тоа е помеѓу мене и Трамп, рече тој, пренесуваат извештаите од новинарскиот пул.
За потсетување, Трамп во 2021 година остави писмо кое Бајден подоцна го опиша како „многу дарежливо“.
Содржината на писмото што Доналд Трамп му го остави на Џо Бајден во 2021 година не е објавена.
По инаугурацијата, на социјалните мрежи се ширеше лажна слика од наводното писмо со порака: „Џо, знаеш дека победив“. Меѓутоа, тоа беше монтажа, а вистинската содржина на писмото остана приватна.