Францускиот селектор Руди Гарсија е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, објави во петокот Фудбалската федерација на Белгија, цитирана од локалните медиуми.

Стручњакот доаѓа на местото на Доменико Тедеско, кој минатата недела доби отказ поради незадоволителните резултати на тимот, кој лани беше елиминиран во осминафиналето на Европското првенство.

Руди Гарсија беше тренер на француските клубови Лил, Олимпик Марсеј и Олимпик Лион, како и Рома и накратко во Наполи во последните години.

Белгија сега се надева дека ќе го врати голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој беше во отворен конфликт со Тедеско, откако одби да му ја даде капитенската лента на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2025 04:15