Полициски службеници од СВР Велес вчера во 15.20 часот ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2025 04:50