Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот.

-Не знаеме ништо хаос е точни е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа се останато не е точно, изјави Спасоски

Во пожарот кој вчера избувна во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани.

Според првичните информации, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот.

На социјалните мрежи кружат и снимки од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.

По социјалните мрежи кружат и фотографии од објектот и во нив се наведува дека толку стар објект не требало да биде користен како дискотека.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 17:39