[photo]

Обдукција и идентификација при масовни несреќи врши Институт за судска медицина и криминалистика. Обдукција и идентификација мора да се направи за да се утврди идентитет и причини за смрт, за понатаму тие докази да се искористат во евентуални судските постапки. Директорот на Институт за судска медицина и криминалистика Александар Станков во изјава за МИА посочува дека друг начин за идентификација и докази не постои, со оглед дека нашата земја е член на Меѓународната организација за криминалистичка полиција - Интерпол.

-Луѓето треба да имаат трпение, оваа постапка на обдукција со идентификација ќе заврши оваа недела. И не постои никаков друг начин да се дојде до вистинската причина за смрт и вистинска идентификација освен обдукција. Впрочем, тоа го налагаат и протоколите издадени од Интерпол кои се однесуваат на идентификација на жртви при масовни несреќи, вели Станковски за МИА.

Институтот за судска медицина постои повеќе од 70 години и ова, посочи Станковски, не е прва масовна несреќа каде Институтот бил вклучен во идентификација на жртвите.

– Почнувајќи од земјотресот во Скопје, авионските и хеликоптерски несреќи, бродската несреќа, несреќата кај Ласкарци, изгорените во Тетово... целокупната постапка за идентификација одела преку Институтот за судска медицина. Ние сме и капацитети и доволно искусни да го спроведеме ова, изјави Станковски.

По добивање на информацијата, Станковски посочи дека во Институт се формирани тимови, но досега кај нив не е донесено ниту едно тело.

Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави претходно дописникот на МИА од Кочани.


Станков: Обдукција при масовни несреќи врши Институт за судска медицина и криминалистика, друг начин за идентификација и докази не постои

Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, бројот на починати е 59, а 155 се повредени. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 19:36