Кирил Ричлиев повеќе не е тренер на одбојкaрскиот шампион Струмица 47&72. По оевоени 11 шампионски титули и 9 купови, Ричлиев решил да стави крај на неговиот ангажман во клубот во кој помина 41 години како играч и тренер.
Ричлиев потврди дека си поднел оставка во средината на минатиот месец, но вели дека не знае од која причина тоа го криеле од клубот.
-Оставката ја поднесов заради недоразбирање и различни мислења со управата на клубот. Засега сум слободен и не размилсувам за нови ангажмани. По вкупно 43 години постојани патувања и оптсуства од дома за викендите, конечно сега сум слободен и можам да размислувам што и како понатаму, изјави Ричлиев.
Во изминатите 43 години досегашниот стратег и поранешен играч на Струмица само две сезони не беше со неговите одбојкари. Една сезона беше тренер во Косово и една во Италија.
Екипата на Струмица 47&72 на полуфиналните натпревари од Купот, кои утре почнувата во Радовиш, ќе ја предводи досегашниот помошник на Ричлиев, Ване Ристоманов.