Дарко Јосевски, го пренесе своето негативно искуство на фејсбук групата “Ѕид на сообраќајниот срам“. Неговото искуство го пренесуваме во целост.
“Другари.... Внимателно на патот Усје – Пинтија... После стаклара од десна страна пред инжинеринг трејд постои една квалитетна добро проширена дупка длабока 20-тина сантиметри која овие денови им наплати добро на некои несреќници меѓу кои бев и јас. Дупката е полна со вода и деновиве од маглата дополнително не се забележува, а бидејќи чистениот снег има завземено добар дел од коловозот, просторот за движење е намален и едноставно е чиста да ја промашите.
Кај мене настрадаа двете гуми (предна и задна десна) бандажите, вилушките напред и пластичните калници. Додека менував гума и барав уште една дополнително, во рок од десет минути 2 други коли ми се придружија со истата мака. Чисто да Ве предупредам го напишав овој пост.
Воедно огромна благодарност до Македонија пат, Општина Кисела Вода и и Град Скопје. Сега со уште поголем мерак ќе ги уплатам оние дополнителни средства за патишта при следната регистрација!!!“.
Извор: Дарко Јосевски, Фејсбук група на сообраќајниот срам.