Во повеќе од 220 градови од 40 држави неделава ќе се одржи “Европската стартап недела“ а во кој ќе учестува и Градот Скопје. Под мотото „Европска стартап недела“ манифестацијата ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања се до 10-ти февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.

Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации клучни за поддршка на новите стартап бизниси а главна цел е промовирање на претприемништвото и бенефитите на стартап бизнисите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 08:25