Денес во утринските часови угина едниот од двата морски лава, кои се дојдени од зоолошката градина во Загреб во Скопската зоолошка градина.

- Не знаеме дали причините за угинувањето на морскиот лав се последица на ниските температури и временските услови. Морскиот лав е даден на обдукција на ФВМ. По добивањето на резултатите од обдукцијата, подетално ќе бидете информирани, велат од Скопската зоолошка градина.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2017 12:18