До редакцијата на Makpress.mk стигна ливче кое е недобитно за само еден гол. На ливчето се уплатени двата натпревари од лигата на шампионите и тоа Леверкузен – Атлетико Мадрид и Манчестер Сити – Монако.

Струмичанецот и двата натпревари ги одиграл “машки“ односно на 300 денари уплата прогнозирал дека на натпреварите ќе паднат седум или повеќе од седум гола. Можеби некој ќе му се смееше да го видеше ливчето пред почетокот на натпреварите но по завршувањето на натпреварите сигурно не им било до смеење.

Во 77-та минута резултатот на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Монако веќе беше 4:3 со што едниот натпревар беше погоден, додека на натпреварот Леверкузен – Атлетико Мадрид резултатот во 77-та минута беше 2:3. Во последните 13 минути се чекаа два гола за славје во Струмица.

Атмосферата ја подигна Фернандо Торес кој го постигна 6-тиот гол на натпреварот во 86-тата минута па така до крајот останаа уште 9 минути вклучително и судиското продолжение за натпреварот да излезе 7+.

Сепак, екипите на Леверузен и Атлетико Мадрид не успеаја да дадат гол, па така веројатно струмичанецот остана само во “прединфарктна“ ситуација.

Тикет на месецот, малер на годината: На струмичанец му избегаа 8.000 евра


Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2017 19:22