Министерството за образование и наука за студиската 2017/2018 година ќе додели 30 (триесет) стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид и тоа:

Креативна продукција - 5 стипендии, Сценарио и драматургија - 5 стипендии, Филм, телевизија, и фотографија - Тон - 5 стипендии, Филм, телевизија, и фотографија – Монтажа - 5 стипендии, Режија - 5 стипендии и Кинематографија - 5 стипендии.

Годишната стипендија (уписнина) изнесува 9000 евра во денарска противвредност. Министерството за образование и наука ќе ги исплати средствата за уписнина на високообразовната установа за првата година од студиите, а уплатата на уписнината ќе продолжи во наредните години доколку корисникот ги исполнил обврските од првата, односно втората година утврдени во статутот на високообразовната установа, за што треба да достави доказ до Министерството.

Рок за доставување на документите до Министерството за образование и наука е до 30.09.2017 година.

Останатите детали можете да ги видите на интернет страната на Министерството за образование.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2017 21:53