Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денес ќе престојува во Виена, каде ќе се обрати на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
За време на посетата предвидено е министерот Попоски да оствари билатерална средба со неговиот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.