Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА.

Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, каде, како што велат од неговиот кабинет, тој требало да има средби со државниот врв на земјата, со претставници на македонско-австралиската група за пријателство во парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница.

Иванов сега е во дводневна посета на Азербејџан, каде учествува на петтиот Глобален форум во Баку.

Отсуството на Иванов од земјава, во момент на тензична атмосфера и на институционална блокада, наиде на критики во јавноста. СДСМ го обвини претседателот Иванов дека опасно си игра со безбедноста и со стабилноста на државата, бидејќи во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, тој решил да замине од земјата. / Мета



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 16:34