По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром – 21 март, во Градскиот парк се организираше трка „Run for Down“ од Мечувалечкиот клуб Ескрим.

Трката, која е трета по ред, е отворена за сите хумани граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства.

Целта е да се поттикнат спортските клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром и да ги вклучат во спортот.

Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е „MyVoiceMyCommunity – оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат на владините политики и дејствувања, да бидат целосно вклучени во заедницата.

Организатор на одбележувањето на Светскиот ден на Дауновиот синдром во Македонија е Центарот за Даунов синдром, а ќе биде проследен и со повеќе активности во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2017 19:14