Смедеревка е автохтон вид на бело грозје и виното произведено од оваа сорта грозје го носи истото име – смедеревка. Смедеревката е една од најраспространетите сорти во Македонија.
Оваа врста на бело грозје е со изразито златножолта боја. Името го добила по градот Смедерево во Србија каде настанала како автохтона сорта во бреговитoто подунавско виногорје. Се смета дека одгледувањето на винова лоза на овој простор (а со тоа и на смедеревката) датира од времето на римскиот император .
Зрната се збиени и поситни, а вкусот е малку кисел.
Во кефеански речник кажано, смедеревката се смета за наејвтино вино кое оди во комбинација со кисела вода (шприцер) за старите боемџии, како и во комбинација со кисела вода, швепс и парчиња јаболко или лимон (бунар) за помодерните генерации.
Уште многу одамна се “поштуело“ смедеревка низ скопските маала. И денеска е таков случајот низ скопските кафеани, само разликата е во нулите на цената.