Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар денеска ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.
Оркестарот ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до плоштадот „Македонија“.
Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.
На оваа саботна музичка променада ќе биде изведени „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „3-та македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“.
Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.