Интегрален статус на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски
„Мои сограѓани,
По скоро 45 години конечно Скопје ќе добие нов забавен парк. Изградбата на паркот ќе биде во повеќе фази, и изградбата на истиот, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра. Забавниот парк ќе се гради на истата локација и ќе ја опфаќа истата површина.“ напиша Градскиот татко на фејсбук.
За денес е најавена и прес - конференција на Градоначалникот на Скопје пред стариот луна парк во Градски парк