Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно, по три години, ќе и се придружи на владејачката Партија на правда и развој.
Ердоган минатиот месец со тесна предност победи на референдумот за уставни реформи.
Според стариот систем, шефот на државата мораше да ја напушти партијата, па затоа Ердоган си замина од лидерското место на АКП кога стана претседател на Турција во 2014 година.
Клучната измена сега се однесува на фактот дека претседателот може да биде и член на политичка партија, што на Ердоган му овозможи да се врати во АКП.