Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во неговата летна резиденција во Сочи, на Црно Море, соопштение е во Берлин.

Ова е прва средба на двајцата лидери по прекин од две години, поради ниското ниво на билатералните односи, предизвикано со војната во Сирија и руската анкесија на Крим и вклученоста на Москва во бунтот на проруските бунтовници во источниот дел од Украина.

Според германските медиуми кои се повикуваат на дипломатски извори , сириската војна и ситуацијата во Украина се главни теми на дијалогот на Берлини Москва , на црноморскиот брег.

Првата средба на Меркел и Путин по 2015 година, сепак, не се очекува да предизвика пробив во застојот на на германско-руските односи, затоа што официјален Берлин и натаму останува на потреба од одржување на санкциите на ЕУ кон Русија, додека не се надминат причините за нивното постоење.

Германија бара од Русија да обезбеди крај на конфликотот во Украина и соработка на Москва со Западот во обезбедувањето мир во Сирија.

Официјална Москва има потреба од одржување на дијалогот и добри односи со Германија, за да се укинат европските санкции.

Во соопштението на официјалната руска агенција ТАСС кое се пренесува во Берлин, се вели дека Путин и Меркел ќе разговараат за межународниот тероризам, за ситуацијата на Блискиот Исток и за тоа како се реалиира договорот од Минск.

Средбата во Сочи доажа пред Самитот на групата Г20, што во јули оваа година се одржува во Хамбург.

Во текот на денеѓниот ден рускиот претседател ќе има телефонски разговор со американакит претседател Доналд Трамп, а утре ќе се сретне и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 13:21