Заради закажани тенички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар.
Маскирано и вооружено лице вчера извршило грабеж во казиното „Стар“ во Дебар, кое се наоѓа на главната улица „8 Септември“ во градот.
На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во осум е причинета материјална штета.
- Ќе се борам против хаосот во урбанизмот, против хаосот во општинската администрација, против хаосот во туризмот, против хаосот во екологијата. Од Охрид ќе направам модерен град и поубаво место за живеење за нашите сограѓани, додаде Стевоски.
Девојка со државјанство од Република Србија пријавила во полициска станица Центар дека била нападната од неколку женски лица пред ноќен клуб лоциран на улица „Димитрие Чуповски“ во Скопје.
Српски државјанин се обидел да украде „ренџ ровер“ вреден 100.000 евра во скопската населба Дебар Маало, но бил спречен од сопственикот на возило, кој го забележал од блиската кафена. Против Србинот, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка за кривичното дело Тешка кражба и побара од судот да му биде одредена мерка притвор.
Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.
Синоќа во 22.55 часот било пријавено дека К.М.(19) од Скопје во дворот на ОУ„26-ти Јули“ во населба Шуто Оризари-Скопје бил физички нападнат од две лица, кои му нанеле и убодна рана со остар предмет.
Стевоски додаде и дека еден од неговите најголеми проекти ќе биде воведување на локална комунална полиција која според него ќе создаде ред во хаосот кој што владее во Охрид.
- Сметам дека на градот Охрид му требаат квалитени луѓе во општинската администрација кои ќе знаат како да го подобрат животот на Охриѓаните, како да придонесат да се развие економијата во Охрид и пред се да го спречат „лудилото“ кое му се случува на Охрид од осамостојувањето па се до денес.